
Фејсбук повторно е едно од најчесто дискутираните имиња во индустријата, а причината не е поврзана со премиерата на нови функции во социјалната мрежа. Пред неколку дена стана јасно дека Фејсбук обезбедил пристап на повеќе од 60 производители на паметни телефони до нашите лични податоци. Информациите доаѓаат по независна истрага на „Њујорк Тајмс“, и предизвика бран негативни коментари на Интернет. Најновите податоци за скандалот откриваат повеќе детали за овој таен проект.
Излегува дека големите кинески производители на паметни телефони исто така имаат корист од програмата. Тука влегуваат популарни брендови како Huawei, Lenovo, Oppo и TCL, кои ги држат правата за трговската марка BlackBerry, информира „Енгаџет“. Најголемата загриженост во овој случај е можноста претставниците на кинеската влада да имаат пристап до доверливи информации за граѓаните од земјите во Европа и САД. Голема истрага се уште е во тек.
На почетокот на годината агенциите за безбедност во САД, како ФБИ и ЦИА предупредија да не ја користиме толку активно социјалната мрежа, бидејќи можеме да станeм жртва на „шпионажа“. Тука e моментот да се истакне дека Facebook се уште не го објавиле целосниот список со имињата на компаниите кои директно имале корист од оваа програма. Јавниот интерес и притисокот на голем број агенции и владини институции можат наскоро да го натераат Фејсбук да ја објави комплетната листа.