Xiaomi загуби над 1 милијарда долари за првиот квартал

од Vladimir Zorba
48 прегледи

Нето загуба од 1,09 милијарди долари беше забележана од кинескиот производител на паметни телефони и друга електроника Xiaomi, за првиот квартал од годината. Тоа е шест пати помалку од загубата минатата година, објави Ројтерс.

Во моментов, Xiaomi се подготвува за првична јавна понуда на акции (IPO). Компанијата, предводена од Леи Џун, веќе поднесе прво барање за продажби на берзата во Хонг Конг.

Финансиските аналитичари предвидуваат дека IPO-то ќе му донесе на Xiaomi не помалку од 10 милијарди долари, а пазарната капитализација на компанијата ќе се зголеми од 70 до 90-110 милијарди долари. Несомнено ова е најочекуваниот IPO оваа година.

Xiaomi е четвртиот по големина снабдувач на паметни телефони во светот по Samsung, Apple и Huawei. Компанијата, исто така, има силни позиции во „Wearable“ електрониката – особено кај фитнес нараквиците и неодамна влезе во Топ 10 на телевизискиот пазар.