ЕА ќе ја претстави FIFA 2019 на 28-ми септември

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Еlectronic Arts (EA) станаа првата компанија која го претстави својот нов каталог на игри на E3 2018, што се одржува во Лос Анџелес. На прес-конференцијата открија интересни детали за претстојните наслови и исто така, предложија неколку изненадувања. Програмерите од EA подготвуваат премиерата на нова игра од популарната франшиза Star Wars и ќе пуштaт верзија на Command & Conquer сериите за смартфони. Компанијата покажа за првпат и како ќе изгледа бета верзијата за време на E3 2018.

Претстојната игра ќе биде достапна за Android и iOS до крајот на годината и ќе биде фокусирана на собирање на ресурси, изградба на силна војска и заземањето на територии, за сметка на вашите противници. EA го потврдија и името на следната игра од Star Wars серијалот, која ќе се вика официјално Star Wars: Jedi Fallen Order. Премиерата ќе биде во втората половина од 2019 година и дотогаш сигурно ќе дознаеме повеќе за играта на овој долгоочекуван наслов, информира Mirror.

ЕА потврди дека FIFA 2019 ќе вклучува официјално лиценциран Champions League режим на игра. Досега, оваа функционалност беше отсутна од претходните верзии на играта, бидејќи Konami и Pro Evolution Soccer (PES) ги држеа правата во изминативе 10 години. Официјалната промоција на FIFA 2019 ќе биде на 28-ми септември. Огромната популарност на Fortnite пак е причината да се подготвува Royale режим во играта Battlefield V. По се изгледа дека нѐ очекуваат доста интересни настани околу ЕA во наредните месеци.