
Пред еден месец, излегоа информации дека Samsung ќе издаде верзија на Galaxy Note9, која ќе понуди 8 GB RAM и 512 GB меморија за апликации. Во меѓувреме, корејската онлајн продавница KT Olleh Store дури објави и информации за моделот, но беше брзо повлечена. Од сето ова, јасно е дека Samsung всушност планира таква конфигурација на својот нов предводник.
Сепак, таа ќе биде достапна само на одредени пазари. Според SamsungMobile News, оваа верзија на Note9 ќе се продава за првпат во Кореја и Кина, а подоцна може да биде достапна на друго место.
Сепак, барем засега, Европа не е на листата и веројатно корисниците на Стариот континент нема да можат официјално да го купат ова издание. Телефонот се очекува да биде официјално пуштен на 9 август.