СДСМ во соопштение вели дека собранието кажа ДА за македонската иднина, се отвораат перспективите, поканата за влез на Македонија во НАТО е ставена на дневен ред.
Конечниот Договор за решение на 25-годишниот спор што ја влечеше земјава надолу ги отвора евроатланстските перспективи.

-Веста дека Северноатлантскиот совет прифатил поканата за влез на Македонија во НАТО да биде ставена на дневен ред на следниот самит на Алијансата е уште една потврда дека Договорот е патриотски чин кој обезбедува сигурна иднина на државата, на граѓаните.
Лидерството е препознаено, Македонија чекори кон целосна интеграција во НАТО и ЕУ.
Со Договорот се зајакнува и заштитува македонскиот идентитет, никогаш повеќе да не биде негиран или оспоруван.
Договорот е историска можност за македонската иднина.
Конечниот збор за решението ќе го имаат граѓаните. Убедени сме дека на референдумот, граѓаните ќе кажат ДА за обезбеден и гарантиран македонски идентитет, ДА за целосна интеграција во ЕУ и НАТО, ќе кажат ДА за македонската иднина, велат од СДСМ