ВМРО-ДПМНЕ: Повеќе од една година економијата е на нула

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Во недостаток на идеи како да ја развиваат македонската економија најновите најави се дека износот на персоналниот данок значително ќе се зголеми и наместо досегашниот рамен данок ќе се воведат даночни стапки од 10,15 и 18%, велат ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

– Ќе се оданочуваат и приходите од камати над 12,000 денари. Тоа значи дополнително оптоварување на приватниот сектор што ќе влијание на зголемување на невработеноста, полнење на администрацијата со СДСМ партиски кадри кој што како привилегирана каста ќе живеат на грбот на народот, миграцијата ќе се зголеми, а компаниите ќе го селат капиталот.

Нема радиофузна такса меѓутоа граѓаните за три саати паркинг во Скопје плаќаат 130 денари и сите граѓани плаќаат поскапи горива како резултат на зголемената акциза за нафта.

Зоран Заев врши економски егзодус врз државата. Повеќе од една година Заев е на власт, повеќе од една година економијата е на нула, нема нови работни места, нема повисоки плати, нема просперитет.

Над 300 милиони евра изнесува новото задолжување на картелот во првите три месеци од годината. Долгот во континуитет се зголемува. Не поминува месец, а картелот да не ја задолжи државата за неколку милиони, кои никој не знае каде завршуваат.

Тоа е животот што ќе им го донесе СДСМ, беда, сиромаштија, сивило, високи даноци, полициска држава.