Хонда напредува со роботите на две нозе

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Нови модели на роботи, кои ќе им помагаат на луѓето, планира да создаде јапонска компанија Хонда, надградувајќи се на веќе развиените ASIMO – андроиди на две нозе. Се очекуваат роботите да бидат различни од нивните претходници.

Додека ASIMO е создаден со идеја за забава на јавноста и демонстрација на можности, но новите роботи ќе вршат корисни работи – тие ќе се грижат за болните и старите луѓе.

Според претставници на компанијата, Хонда веќе тестира робот кој може да им помогне на луѓето со слаби нозе да се движат. Се уште нема информации кога ќе биде пуштен новиот модел.

ASIMO беше претставен за прв пат во 2000 година. Потоа, Хонда направи многу модификации на оваа серија, од кои најновата беше воведена во 2011 година.