Овогодинешното Гран При на Холандија одбележува 12 месеци од последната победа на Валентино Роси во кралската класа на мотоциклизмот. Покрај неговиот последен успех, тоа е и последната победа за неговиот тим Yamaha, кои оттогаш се соочуваат со, се чини, несовладливите за нив проблеми со електрониката.

Ветеранот од Тавулија е претпазлив во врска со можностите за победа овој викенд и забележува дека човекот кој треба да биде поразен, не е Хорхе Лоренцо (Ducati), кој победи во последните две трки, туку светскиот шампион Марк Маркез (Honda).
Шпанецот остана на осмата позиција во вториот тренинг од MotoGP вчера.
„Се чини дека Маркез е најбрз пилот на патеката, а потоа е Винњалес и по него сме јас и Довициозо. Се уште, се разбира, е рано да се каже што ќе се случи на ручек во недела. Се надевам дека можеме да бидеме конкурентни како во последните неколку трки и да сме меѓу оние што се борат во челото“, изјави Валентино Роси пред третиот тренинг за гран При на Холандија.
„Докторот“ се радува на три последователни подиуми досега и ја зазема втората позиција зад Маркез во генералниот пласман.