Авангардниот пристап на Бјорк

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Ненадминлива и посебна во изразувањето во музиката, но и во изгледот, Бјорк важи за најуникатниот изведувач на 21 век. Иако музиката е нејзината професионална определба, таа е претпознатлива по скулптуралната мода, па за тоа сведочи и соработката со Жан Пол Готје, мастерот на високата мода и уметноста во облекувањето. Бјорк е ненадминлива во сценската изведба, која се доближува до перформансот, но и стилизацијата на костумите кои во видео спотовите се интерпретираат како инсталација.