Словачка од денеска ќе претседава со Вишеградската група

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Словачка  од денеска до 30 јуни следната година ќе претседава со Вишеградската четворка.
За Братислава, ова е петтото претседавање на групата. Таа позицијата ја  презема од Унгарија, а по Словачка, ќе следи Чешка.

Словачкото Министерство за надворешни работи истакна дека главна задача на Словачка ќе биде зајакнување на соработката и односите меѓу четирите земји – соседи во Централна Европа, и обезбедување на континуитет во заедничките задачи во сферата на економијата, политиката и безбедноста.

Групата беше формирана во 1991 година во унгарскиот град Вишеград.