Рос Браун: Формула 1 има потреба од пилоти како Алонсо

од Марта Пешевска
99 прегледи

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун ја поздрави посветеноста кон натпреварувањето, која ја поседува Фернандо Алонсо, и изјави дека спортот има потреба токму од пилоти како него. Шпанецот се натпреварува не само во натоварената сезона од Ф1, но и во целосната програма на Светскиот шампионат во издржливост. Тој и неговите колеги таму освоија победи во „6 часа на Спа“ и „24 часа Ле Ман“.

Браун прокоментира дека Алонсо ќе учествува во 29 тркачки викенди, плус тестови, со многу мала пауза помеѓу нив.

„Сега сите во Ф1 разговараат за предизвикот на првиот во историјата календар со три последователни недели со трки, додека за еден од пилотите е уште пооптоварено“.

„Трката во Австрија беше четврти тркачки викенд за Фернандо, но и покрај тоа нема ни трага од замор за пилотот на Мекларен, кој се бори за секоја обиколка со подеднакво голема трудољубивост. Со еден збор, во Австрија Алонсо уште еднаш направи одлично натпреварување“.

„Фернандо мораше да стартува од боксот заради модификација на болидот, направена за време на „затворената гаража“. Дури му ставија крило од минатогодишната автомобил поради недостаток на резервни делови, но двократниот светски шампион не разочара, и успеа да однесе еден слаб болид до осмата позиција“.

Браун додаде дека ако гласините за трансфер на Алонсо во Индикар од 2019 се вистинити, тој многу ќе недостасува на Формула 1, и затоа се надева дека тој ќе остане.

„Во Канада Фернандо го заврши своето натпреварување број 300 пред да отиде да победи и во „Ле Ман“ од прв пат. Кој знае, можеби тој бара поголема реализација надвор Ф1, но се надевам дека тоа не е случај. Тој се уште е исклучително брз и Формула 1 има потреба од пилоти со неговата непобитна харизма и талент“, смета Браун.