
Компанијата Light, која минатата година го претстави уникатниот фотоапарат L16 со цели 16 сензори, сега работи интензивно на смартфон.
Според информации на The Washington Post, уредот ќе биде со „само“ девет сензори.
Потребните средства за развој се обезбедени од Foxconn, кој инвестираа сериозно во Light.
Според публикацијата веќе има концептуални модели и функционални прототипи, кои се опремени со помеѓу 5 и 9 леќи кои заедно обезбедуваат 64-мегапиксели слики.
Од Light исто така ветуваат невиден досега во мобилната фотографија оптички зум, како и сложени длабочински ефекти.
Во моментов нема повеќе информации околу хардверот, но со оглед на комплексната оптика, лесно е да се претпостави дека тој ќе биде предводник, бидејќи обработката на таков тип слики бара сериозна компјутерската моќ.
Цената веројатно исто така ќе биде рекордна, со оглед дека камерата Light L16 се продава за 1.950 долари.