Изгаснат пожарот во хотел во центарот на Љубљана

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Словенечките пожарникари го изгаснаа огнот во хотелот „Унион“, во центарот на Љубљана, поради што беа евакуирани стотина луѓе. Според полицијата во инцидентот никој не е повреден.

Огнот го гаснеа 75 пожарникари со 14 противпожарни возила. Се уште не е позната причината за пожарот.