Заседание на Советот за соработка на балканската „четворка“ во Солун

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Во Солун доцна попладнево започна заседание на Советот за соработка на високо ниво меѓу премиерите на Бугарија, Грција и Романија, Бојко Борисов, Алексис Ципрас и Виорика Данчила и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

 

Во фокусот на разговорите на лидерите на балканската „четворка“ е забрзувањето на имплементацијата на заедничките транспортни и инфраструктурни проекти, а ќе стане збор и за продлабочување на регионалната стабилност.

Тоа е четврта средба по ред во тој формат. Првиот Совет за соработка  меѓу лидерите на четирите држави се одржа во Варна, а негов домаќин беше бугарскиот премиер Бојко Борисов. Следеа состаноци во Белград и Букурешт, а домаќин на денешната средба во Солун е грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Министрите за транспорт на четирите земји одржуваат паралелен состанок во Солун за да разговараат за продлабочување на соработката за патните и железничките врски.

На состанокот, исто така, се разговара и за зајакнување на соработката помеѓу четирите земји за подобрување на транспортната поврзаност во регионот.