ВИДЕО: Големо невреме во Струмица – се споија небото и земјата

од desk4
172 прегледи

Големо невреме проследено со силен град, дожд, ветер и грмежи ја зафати  Струмица.

Локалните медиуми јавуваат за голема материјална штета на посевите. Оштетени се големи земјоделски површини со различни производи.

Фото: strumicadenes.mk

Земјоделците од повеќе населени места апелираат и ги молат надлежните веднаш во текот на денешниот  да бидат посетени и штетите да бидат надоместени. Според првичните сознанија најмногу штета е направена во селото Сачево.

Од УХМР информираат дека се очекува дека и во текот на целиот викенд да  преовладува слично време пропратено со поројни дождови.

Фото: strumicadenes.mk