
Остриот скок во котите за биткоин беше регистриран на берзите минатата ноќ. Виртуелната валута се зголеми од 6.791 до 7.386 долари за само еден час.
Потоа најпопуларната криптовалута покажа поумерен раст, кој доведе до надминување на бариерата од 7.500 долари за еден биткоин. Ова значеше пораст од 10% за последниот ден и 16% за една недела. Во моментов, курсот варира околу 7.450 долари, според „Коиндеск“.
Ненадејниот раст, исто така, влијаеше и на курсевите на другите криптовалути. 24 од најпопуларните 100 регистрираа двоцифрен раст во последните 24 часа, а 84 – раст од 5%.
Една од можните причини за поскапување на биткоин е веста од вчера дека Комисијата за хартии од вредност и берзи (SEC) на САД даде дозвола на берзата „Коинбејс“ да тргува токени како хартии од вредност.
„Коинбејс“ ќе ги откупи инвестициските компании Digital Wealth, Keystone Capital и Venovate Marketplace, кои ќе и дадат статус на брокер на инвестициски хартии од вредност. Тоа значи не само дека инвеститорите ќе можат да купат токени како хартии од вредност, но и да создадат алтернативен систем за тргување, кој ги обединува традиционалните и крипто-валутните пазари.