Мета ја одликува хрватската претседателка со орден „национално знаме“

од Vladimir Zorba
83 прегледи

На посебна свеченост одржана во Палата на бригадите во Тирана, албанскиот претседател Илир Мета ја одликува хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ со орден „национално знаме“.

Одликувањето и се доделува за „посебен придонес во интениззвирањето на односите меѓу Република Албанија и Република Хрватска, за зацврстување на повеќевековното пријателство меѓу албанскиот и хрватскиот народ, како и за безусловната поддршка во процесот на интеграцијата на Албанија во ЕУ“.

Во обраќањето Мета меѓу другото рече дека денеска и тој и сите Албанци каде и да се се чувствуваат почестени од нејзината посета на Албанија и имаат можност да ја изразат нивната благодарност за Хрватска и за претседателката лично.

– Сакам високо да ја оценам улогата и поддршката на претседателката Грабар-Китаровиќ за Албанија и Албанците, како во рамки на регионалните случувања, така и во евоинтеграциите. Албанците и Хрватите со векови негуваат силни пријателски врски и соработка а Албанците денес имаат и свој пратеник во хрватскиот Парламент. Односите меѓу двете земји се одлични, а посетата на претседателката на нашата земја е најдобрата потврда за тоа, истакна Мета.

Нагласувајќи ја заедничката определба за унапредување на односите и соработката во сите области тој најави дека набрзо ќе бидат подигнати на ниво на стартешко партнерство, што е во интерес и на целиот регион.

По добивањето на ова највисоко признание  на албанската држава, претседателката на Хрватска му се заблагодари на претседателот Мета, нагласувајќи дека ова е чест не  само за неа, туку за хрватскиот народ. Таа додаде дека тоа е симбол на длабоко пријателство меѓу двете земји, посебно меѓу Албанците и Хрватите, за што се заблагодарува и на Мета и на Албанија.

Грабар-Китаровиќ денеска ќе добие уште едно признание во Албанија. Во градот Берат ќе и биде врачено признанието „почесен граѓанин“.

Претходно таа ќе се обрати пред пратениците во албанскиот Парламент а ќе оствари и неколку средби со претставници на власта и опозицијата, како и со градоначалникот на Тирана.