Шефот на Sky Mining избега со 35 милиони долари

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Шефот на виетнамската компанија за ископување криптовалута, Sky Mining избегал од земјата со 35 милиони долари, сопственост на инвеститори, соопштува локалното издание VN Express.

Комуникацијата со Ли Мин Там e прекината пред една недела, ако се исклучи извинувањето кон инвеститорите што тој го објави на Facebook два дена откако исчезна. Според неговите зборови, пазарот е непредвидлив, цената на опремата за копање на крипто-валути опадна драстично и профитабилноста на неговата компанија – исто.

„Последната можност за мене е да продолжам да се кријам од општеството, за да си го спасам мојот живот“, пишува Ли Мин Там. Тој ги советува инвеститорите да се поврзат со компанијата, за да добијат надомест, по што Sky Mining ќе може да прогласи банкрот.

Инвеститорите веќе ја посетиле главната канцеларија на компанијата, која се наоѓа во градот Хо Ши Мин, во реонот на Фу Нуан за да открие дека зградата е затворена и дури нема плоча со името Sky Mining. Освен тоа 600 машини за „копање“ од фабриката на компанијата во градот Бен Хоа во соседната провинција Донг Наи биле запленети од непознати луѓе, кои се идентификувале како војници.

Во моментов, формиран е 16-член привремен одбор за да им помогне на инвеститорите и да ги оценат преостанатите средства на компанијата. Раководството на Sky Mining не може веднаш да добие информации за имотот, бидејќи лично и директно ги управувало објектите и локациите за копање на крипто-валути

Се тврди дека Главниот извршен директор на крипто-фармата избегал во САД. Sky Mining веќе го пријавила инцидентот и обезбедиле докази дека другите лидери не учествувале во активностите на Там. Група од 20 инвеститори поднела пријава за измама до полицијата.

На својата веб-страница, Sky Mining пишува дека компанијата специјализира во купување и експлоатација на опрема за екстракција на крипто-валути. Таа нуди на инвеститори да изнајмат објекти, лоцирани на 26 локации во Виетнам за сума од 100 до 5 илјади долари годишно.

Компанијата ветува дека по истекот на наемот, корисниците ќе можат да ја вратат својата почетна инвестиција плус 300% профит. Инвеститорите кои покануваат нови учесници добиваат дополнителни бонуси.

Sky Mining започна со работа во март 2018 година и оттогаш има стекнато 7.000 објекти, а исто така држи бројни настани за привлекување на инвеститори во Ханој и Хо Ши Мин. Ова придонесе да се освои нејзината слава на „најголемата“ компанија за копање на крипто-валути во Виетнам.