Во Охридското езеро денеска се удави едно лице. Телевизија 24 вести дознава дека неофицијално станува збор за момче од Куманово кое пред малку е пронајдено мртво откако попладнево заедно со друга група на момчиња се возеле на педалинка, а тргнале од плажата Магнус.

Момчето паднало од педалинката.
Во моментов на терен се полицијата и медицински екипи кои ги истражуваат причините за несреќниот случај.