Рекордна глоба ги загрозува AT & T поради кражба на криптовалута

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Инвеститорот во криптовалута, Мајкл Терпин поднесе тужба против вториот по големина мобилен оператор во САД – AT & T, тврдејќи дека небрежноста на компанијата е причината да загуби криптовалути во износ од речиси 24 милиони долари. Терпин тврди дека во јануари, кога неговиот сервис провајдер бил AT & T, од него биле земени три милиони биткоини преку „кражба на дигиталниот идентитет“ од неговиот мобилен телефон, пишува Ројтерс.

Жалбата, која е на 69 страници, била поднесена до окружниот суд во Лос Анџелес. Во неа се вели дека „подготвеноста на AT & T да соработува со хакерот, грубата небрежност, кршењето на законските обврски и непочитувањето на обврските, по својата политика за приватност“ дозволиле да биде остварена кражбата.

Терпин тврди дека хакерите успеал да дојдат до неговиот телефонски број преку кој за возврат добиле пристап до неговите сметки со криптовалути. Опишувајќи ја ситуацијата, подносителот на претставката користи прилично јасна споредба:

„Она што го направи AT & T, е слично на рецепционер во хотелот да даде на крадец со лажна лична карта клуч од сеф, за да го украде накитот од законскиот сопственик“.

„Ги оспоруваме овие тврдења и со нетрпение очекуваме да го запознаеме судот со нашата гледна точка“, изјави портпаролот на AT & T за Ројтерс.

Терпин бара компензација во висина од 24 милиони долари, како и 200 милиони долари за казнени штети.