Денес во Бугарија е ден на жалост во спомен на жртвите од тешката несреќа крај Своге , во која загинаа 16 лица, а повеќето патници се повредени.

Националните знамиња на сите државни институции ќе бидат на половина копје.

21 лице  се повредени во несреќа  од кои три лица се во критична состојба . Двајца од нив се во опасност по  живот.

Меѓу загинатите  има и 13-годишно дете.

  Истрагата за катастрофата продолжува, и според неа возачот не бил пијан. Според податоците на тахографот, возачот се движел со умерена брзина од 40-50 km / h . Примерок за алкохол кај возачот е исто така негативен. Локалните жители тврдат дека  опасност  е самиот дел од патот.