Додека сме сè уште во сезоната на тиквички, да ви понудиме и рецепт за ладен ролат од тиквички со фил од крем сирење, кашкавал и сланина.
Рецептот е погоден за луѓе кои избегнуваат глутен, а исто така и за режими за јадење со ниски јаглени хидрати.
За ролната
500 грама рендани тиквички
6 јајца
200 грама рендана моцарела или кашкавал
копар
сол
1 лажица маслиново масло
За филот
250 гр крем сирење
100 гр рендано сирење
200 г сланина
Прво рендајте тиквички и ставете ги да се исцедат за 30 минути.Во изматени јајца, додајте добро исцеди тиквички, моцарела (кашкавал) и зачинете со сол и иситнет копар.В правоаголна тава послана со хартија за печење и малку намачкана со маслиново масло истурете ја смесата и раширете ја рамномерно.
Печете 25минути во загреана на 200 степени рерна, првите 10 минути на вентилатор, а потоа на горен и долен греач.
Подготвената кора се витка уште додека е топла во ролна заедно со хартијата и се оставаме да се излади.
извлечете ја изладената кора и намачкајте со крем сирењето, одозгора рендан кашкавал и сланина.
Завиткајте стегнат ролат и оставете да се олади добро во фрижидер.