Поради несреќата, сообраќајот на патот Гостивар – Стража по една лента

од desk2
153 прегледи

Сообраќајот на патниот правец Гостивар – Стража се одвива по една коловозна лента поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.


Како што јави дописникот на МИА, повикувајќи се на првичните информации од СВР Тетово, околу 14:30 часот мотоциклист (25) од гостиварското село Здуње удрил во трактор и починал на самото место.
Во тек е увид на местото на несреќата.