Милан сака да го врати Ибрахимовиќ

од Vlatko K
69 прегледи

Суперѕвездата Златан Ибрахимовиќ може сензационално да се врати во италијанската Серија „А“, информира италијанскиот весник „Кориере дела Сера“. Според публикацијата, Ибра е посакуван нов додаток во зимскиот трансфер прозорец.

Тренерот на „росонерите“, Џенаро Гатузо има потреба од засилување во нападот, а сака играчот да има доволно искуство и во европските клубски турнири, за да му помогне на тимот да се избори за место во зона „Лигата на Шампионите“ и да стигне што е можно подалеку во Лига Европа.

Ибрахимовиќ, се разбира, ги исполнува сите услови, иако има 37 години и има договор со Лос Анџелес Галакси до декември 2019 година. Идејата на Гатузо, според „Кориере дела Сера“, е да го привлече за шест месеци, за да помогне во клучните моменти од сезоната. Плејофот на МЛС лигата ќе заврши на 8 декември, а сезоната започнува во март.

Слични содржини