Гвинет Палтроу и Бред Фалк продолжуваат да талкаат по крилата на љубовта. Откако тајно се венчале кон крајот на септември, двајцата заминале за Италија и моментално се наоѓаат во едно од најромантичните места во светот – Париз.
Актерката побрза да се пофали во Инстаграм со фотографии од Франција. Една од нив покажува дел од станот што престојува со нејзиниот сопруг. Има огромна спална соба, дневна соба, турска бања и други додатоци.
Палтроу ги постави фотографиите со својата омилена шарена инсталација од фоајето на луксузниот хотел во центарот на Париз. Една ноќ во него чини околу 13.000 фунти. Зградата располага со спа центар, базен, три ресторани Мишелин, винска визба и други пријатни места за рекреација.
Според информациите од магазинот Hello, Гвинет и Бред се состанале со претставници на фондацијата Луј Витон за да преговараат за заеднички проект.
Пред неколку дена, актерката објави слика од нивните заплеткани раце, на кои светкаа едноставни прстени. Следната дестинација од нивниот меден месец се уште не е позната.

Извор: Instagram