Инвеститорот на станбената зграда која се гради кај „Мајчин дом“ Фатмир Етеми вели дека без оглед на моменталната забрана издадена од општината објектот ќе продолжи да се гради бидејќи ги има обезбедено сите потребни документи за реализација на прокетот. Забраната која беше издадена од општината беше поради погрешно поставена заштитна ограда, меѓутоа проблемот е решен уште утредента и сега се чека истекот од 15 дена на забраната.

Етеми вели дека бенефит од комуналиите кои тој ги платил во општина Аеродром ќе имаат сите жители, а дополнително ДДВ-то дел оди во општина Аеродром, дел во градската каса. Тој уверува дека борците за животна средина може да бидат спокојни, бидејќи со проектот е предвидено и урбано зеленило три пати повеќе од тоа што во моментот го има на парцелата.
Како за потсетување спорниот урбанистички план е донесен во време на ВМРО-ДПМНЕ кога градоначалник е Ивица Коневски. Револтот на граѓаните повторно се разгори кога започнаа градежните активности. За иронијата да биде уште поголема, токму ВМРО-ДПМНЕ е најгласниот противник за изградба на оваа висококатница и го обвинува градоначалникот Марин, кој пак претходно изјави дека му биле врзани рацете, а одобрението согласно законот морало да биде издадено.