Српската Агенција за лекови и медицински средства ги информира здравствените работници во Србија дека 40-тина медикаменти предизвикуваат штетните последици, но најави дека нема да ги повлече од пазарот.Меѓу, лековите за кои се однесува предупредувањето се и Скоприл плус на „Алкалоид“ и Енап на „Крка“.

Предупредувањето на Агенцијата се базира на резулатите од две студии спроведени во Данска со пацинети кои со години користеле лекови за хипертензија.
Студиите покажале дека кај овие пациенти постои „незначително зголемена можност“ за заболување од немеланомски карцином на кожата. Појавата на ова заболување првенствено е поврзано со употреба на хидрохлортиазиди.
Сепак, според управникот на Интерната клиника при белградскиот Клинички центар „Бежаниска коса“, Бранислав Миловановиќ, нема место за паника и пациентите не треба на своја рака да престанат да ги земаат лековите за притисок.