Бондстил: Промена на командантот, наместо Дучиќ доаѓа Макарег

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Во Бондстил американска воена база под команда на КФОР на Косово, денеска ќе биде извршено примопредавање на должноста командант, и нов шеф на базата ќе биде полковник Рој Макарег.

Според американски медиуми, Макарег (45) пред стапувањето на должност бил командант на бригада на Хаваи во ноември 2017 година, во Националната гарда поминал повеќе од две години како контролор, односно главен финансиски менаџер и под негов надзор бил буџет од 16 милијарди долари.

Работел и во Пентагон каде по добивање чин полковник бил еден од петте заменици на секретарот на армијата во МО на САД. Макрег стигнува на Косово како командант на базата Бондстил која може да прими до 7.000 војници и е најголема маеирканска воена база на Балканот.