Мицотакис: Договорот од Преспа не го решава, туку го интензивира проблемот

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Договорот од Преспа не го решава проблемот, туку го интензивира, не го архивира, туку го одржува, рече Кирјакос Мицотакис, претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија во обраќањето на крајот од третиот „Thessaloniki summit“, јави МИА.

Мицотакис од Солун, уште еднаш го повтори ставот дека неговата партија нема да го поддржи Договорот од Преспа, објаснувајќи зошто тие сметаат дека договорот меѓу двете земји е лош договор.

– Уште еднаш ќе кажам, Договорот од Преспа е лош договор. Нова демократија нема да гласа ниту во сегашниот парламент, ниту во следниот, доколку не биде ратификуван во овој парламент. Оние работи што сега веќе се гласаат во Скопје, се полоши и од почетниот текст договорен меѓу господинот Ципрас и господинот Заев, како што отпосле беше принуден да признае дури и господинот Коѕијас, основниот преговарач за договорот. На кратко, Договорот од Преспа не го решава проблемот, туку го интензивира, не го архивира, туку го одржува, надополнувајќи го со дополнителни негативни завршени работи за иднината, рече Мицотакис и додаде дека „погрешните управувања од страна на владата, за жал веќе ги отруја општествата и од двете страни“.