Безредијата, кои доведоа дотаму што реваншот на финалето на Копа Либертадорес помеѓу Ривер
Плата и Бока Јуниорс се уште не се одигра, се предизвикани од хулиганска група меѓу навивачите
на „милионерите“.
Нападот против автобусот со играчите на Бока Јуниорс била одмазда против властите поради тоа
што еден ден претходно, полицијата направила рација во домот на еден од лидерите на групата и
запленила 10 милиони пезоси (над 200.000 долари) и 300 билети за финалето.
Ова го откри градоначалникот на Буенос Аирес, Орасио Родригез Ларета кој ги нарече овие фанови
„мафијата на аргентинскиот фудбал“.
„Проблемот е во „Бара Брава“ – мафијата, која е вградена во фудбалот повеќе од 50 години (ова е
општото име на крајните групи во латиноамерикански фудбал – н.з.).
Тие се одговорни за овиеинциденти.
Тие се директно поврзани со настаните од претходниот ден. Овие 300 луѓе, кои не се
примени на стадионот се главните ликови во сè што се случи“, рече Ларета.