Aнекс за продолжување на постоечките договори со избраните лекари, гинеколозите, педијатрите и лабараториите, што ќе се применува во наредните шест месеци е потпишан денеска на средбата напретставници на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и Лекарската комора на Македонија.

Преставниците на Фондот за здравство и Комората ќе формираат посебни работни групи што ќе работат на подобрување на договорите и нивни корекции.
На средбата со директорите на Фондот Данаил Дончев и Орхан Рамадани е договорено да се стави мораториум на договорните казни во овој период, освен за случаите кога со повредата е сторено кривично дело.
Фондот за здравство понуди три можности, да се разгледуваат понудените предлог договори член по член, да се прифатат предлог договорите со важност од една година и во меѓувреме за тој период да се работи на сите отворени прашања и да се направи анекс за продолжување на постоечкиот договор за шест месеци.