[РЕЦЕПТ] Полнети печурки артичоки, лук и сирење

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Производи:
24 парчиња печурки
1 лажица маслиново масло
1 кромид исечкан
Сол и бибер по вкус
300 гр маринирани артичоки од конзерва
250 гр крем сирење
2 лажици кисела павлака
1 чаша рендано сирење
2 лажици рендан пармезан
½ лажичка со сушен или толчен лук
Подготовка:
Рерната се загрева 180 степени. Подгответе сад за печење, намачкајте го и постелете со хартија за печење.

Загрејте го маслиновото масло во тава. Во неа, испржете го кромидот и стебленцата на печурките, претходно исечени на ситно. По 5 минути, додадете црн пипер и сол. Префрлете ја смесата во голема чинија. Додадете артишоки, сецкано или изгмечено, крем сирење, крем, рендано сирење, пармезан сирење. Зачинете со повеќе сол и бибер, додадете  лук. Нежно измешајте го полнењето.

Наполнете ги печурките со мешавината. Наредете ги на хартијата. Печете 20 минути или до зацрвенување.