Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер планира нов закон со кој ќе се овозможи притвор за луѓе кои се должни да ја напуштат државата, објави баварски весник Пасауер Ноје Пресе.

– Во почетокот на идната година владата ќе предложи нов закон кој ќе заостри сегашни услови за протерување од Германија. Сите кои мора да бидат протерани би требало да бидат во притвор за да не исчезнат во момент кога треба да се реализира протерувањето, изјави тој за баварскиот весник.
Законот би донел и подобрување на размената на информации меѓу сојузните покраини, а кои се однесуваат на криминални активности на луѓе на кои им е одбиено барањето за азил.