Во повозрасно доба сексот е добар за жените, не толку за мажите

од desk2
133 прегледи

Редовните сексуални односи во повозрасна возраст може да ги заштити жените од одредени здравствени проблеми, но кај мажите може да делуваат спротивно, сметаат научниците во студијата објавена во списанието Journal of Health and Social Behavior.

Повозрасните мажи кои имаат сексуално односи еднаш седмично, имено, имаат поголем ризик од кардиоваскуларни болести.

„Резултатите за жените се во согласност со нашите очекувања, но за мажите се изненадувачки“, вели Хуи Лиу, професорка по социологија на државниот универзитет Мичиген.

Тимот научници предводен од Хуи Лиу анализирале податоци од националното истражување во коешто учествувале 2.204 испитаници на возраст 47 до 85 години.

Жените коишто одговориле дека сексуалниот живот ги задоволува и оти им е пријатен, имале помала веројатност од развој на хипертензија, велат научниците. Исто така, хормоните коишто ги лачат жените во текот на сексуалниот чин придонесуваат за нивното здравје.

„Изненадувачки, повозрасните мажи кои имаат сексуални односи повеќе од еднаш седмично имаат двојно поголем ризик од срцеви проблеми од сексуално неактивните. Тоа се однесува дури и на оние коишто се извонредно задоволни од својот сексуален живот. Таквите резултати ја доведуваат во прашање раширената претпоставка дека сексот за сите е благопријатен за здравјето“, истакнува Хуи Лиу.

Повозрасните мажи имаат проблеми со постигнување оргазам поради емотивни или медицински причини, и затоа можеби повеќе се исцрпуваат, што создава релативно поголем стрес врз нивниот кардиоваскуларен систем, смета Лиу. „Другата можност е негативниот ефект од лекарствата и други препарати за унапредување на сексуалната функција“, додава.

Во секој случај, Лиу се согласува дека се потребни дополнителни истражувања за да се појасни зошто сексуалните односи за повозрасните мажи можат да бидат погубни.

Слични содржини