[РЕЦЕПТ] Пита со праз

од Vladimir Zorba
411 прегледи

Производи:
5-6 страка праз
4-6 суп.л. масло
250-300 гр сирење
4 јајца
1 пакетче готови кори за печење
Подготовка :

Запржете го измиениот и ситно исечен праз со масло. Додајте искршено сирење, јајца. Промешајте. Во подмачкан сад, ставете две кори, попрскајте ги со масло и ставете малку од филот.

Повторувајте до врвот. Попрскајте со масло, па исечете по желба. Ставете да се пече во умерено загреана рерна и печете околу 30-35 минути се додека запече со кора.

Се сервира топла или малку изладена со јогурт или ајран.