Сите училишта во Романија ќе бидат затворени в петок поради епидемија на грип

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Претставници на романското Министерство за здравство соопштија дека бројот на случаи на остри респираторни инфекции се зголемил за 20 отсто над очекуваното ниво и наредено е петок да биде прогласен за неработен ден за учениците.

– Според извештај на Националниот институт за јавно здравје, неделата од 14 до 20 јануари 2019 година имала епидемичен карактер како и претходната недела. Бројот на респираторни инфекции е зголемен за 20 отсто спрема очекуваното ниво, се вели во соопштение од Министерството за здравство.

Тие им препорачале на Министерството за образование за дополнителни мерки за заштита при што 25 јануари е прогласен неработен ден за учениците. Утрешниот ден е исто така неработен заради празник.

До моментот во Романија се регистрирани 34 смртни случаи на грип.