Црниот чад што се издигна над Дрисла предизвика паника меѓу граѓаните – се расипал филтерот, се дишеше изгорен медицински отпад. Инспекторите забраниле да се пали, тоа го потврди и камерата на 1ТВ. Гостин на оваа тема во Централниот дневник беше директорот на Дрисла, Горан Ангелов.
-Дрисла дефинитивно не влијае на загадувањето на градот Скопје, тоа го тврдам одговорно, го имаме докажано во повеќе наврати. Филтерот не работи, ние тоа не го скривме, го известивме Министерството за животна средина, Дрисла испрати допис кога констатиравме во понеделникот дека има технички проблем. Ние сме обврзани со нашата А-интегрирана еколошка дозвола да го известиме Министерството и го известивме. Денес на највисоко ниво, претставници на Министерството беа во Дрисла и се уверија. Отворени сме за инспекции и новинари со претходна најава, вели тој.