
Пребарувачот Bing на Microsoft е блокиран во Кина, соопшти компанијата во средата. Ова е уште една веб-услуга за една голема технолошка компанија која е забранета за пристап од „Големиот заштитен ѕид“ на земјата.
Пребарување на веб-страницата Bing China – cn.bing.com – од континентална Кина го насочува корисникот кон страница која вели дека серверот е недостапен.
„Потврдуваме дека Bing во моментов е недостапен во Кина и посветени сме на идентификување на следните чекори“, се вели во соопштението на компанијата.
China Unicom, големиот државен телеком во Кина, потврди дека постои владин налог за блокирање на пребарувачот, објави „Фајненшал тајмс“, цитирајќи ги своите извори. Кинеската администрација по сајбер безбедност CAC досега ја задржа тишината, станува јасно од материјал на „Ројтерс“ по ова прашање.
До овој момент, Bing беше единствениот главен странски пребарувач достапен зад таканаречениот „Големи ѕид“ на Кина. Резултатите од пребарувањето на Microsoft цензурираат чувствителни теми во согласност со владината политика. Платформата за пребарување на Google, исто така, страдаше и во Кина – уште во 2010 година
Претседателот Си Џинпин одлучи да ја „заостри“ контролата над Интернет во Кина од 2016 година па наваму. Во оваа смисла, CAC во средата објави дека избришала повеќе од 7 милиони онлајн информации и 9.382 мобилни апликации.