Гејтс: Вакцините остануваат главен приоритет за мене (видео)

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Коосновачот на Microsoft, Бил Гејтс продолжува да ја смета филантропијата за една од најважните задачи пред себе, иако инвестициите не даваат директен поврат.

„Во многу од овие случаи зборуваме за грантови. Нема директно враќање. Но економската корист е тоа што децата преживуваат, учествуваат во економијата и помагаат, повратот во целина е огромен … Едноставно гледаш земји кои не се стабилни, каде многу деца, до 15% од децата умираат пред да наполнат 5 години. Вие им помагате на овие земји да се стабилизираат. Со времето, земји како Индија, Индонезија и Виетнам од корисници на помош се претвораат во учесници во светската економија. И тие добиваат стабилност“, изјави Гејтс за „Блумберг“.

Пред Франсин Лакуа, која се наоѓа во Давос заеконмскиот форум, Гејтс дискутира за финансирањето на глобалните здравствени иницијативи, иднината на работниот процес во позадина на загубата на работни места за сметка на технологијата, како и приватноста и заштитата на податоците.

Во областа на здравството, според Гејтс најважни се новите вакцини.

„Немаме вакцина против ХИВ, ниту против туберкулоза или маларија. Па така оваа организација го испорачува она, со кое располагаме …. Се обидуваме да најдеме нови алатки и бидејќи овие напори за снабдување минуваат многу добро, така го градиме примарниот здравствен систем. Ова значи дека многу брзо, штом имаме нешто – на пример нови мрежи за кревети, тие ќе стигнат веднаш дури до најтешките области“, рече Гејтс.