Саудиска Арабија: Ќе го испумпаме последниот барел нафта во светот

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) се надева дека глобалната побарувачка на нафта ќе продолжи да се зголемува барем до 2040 година и се гледа себеси како најдобро подготвен производител кој може да одговори на оваа побарувачка, благодарение на своите ниски производствени трошоци, пишува во анализа Oilprice.

Саудиска Арабија ќе го испумпа последниот барел нафта во светот, но се чини дека ова време сеуште не е близу.

„Не гогледам врвот на побарувачката да е достигнат во последните 10 години и не мислам дека тоа ќе се случи до 2040 година“, смета Амин Насер, претседател и извршен директор на саудискиот нафтен гигант Saudi Aramco во интервју за CNN за време на Светскиот економски форум во Давос.

„Побарувачката за нафта ќе продолжи да расте. Ние сме производителот со најниски трошоци за производство, а последниот барел во светот ќе дојде од нашиот регион“, рече Насер.

Во последните години тој постојано зборува дека врвот на побарувачката на нафта се уште не е достигнат во ниту една географска широчина и дека петрохемиската индустрија ќе ја стимулира и понатаму побарувачката барем до 2050 година, а разговорите за „претстојниот врв“ и „блокираните ресурси“ се закануваат на нормалната транзиција на енергија и постигнување на енергетска безбедност.

Саудиска Арабија, која штотуку објави дека големината на нафтените нејзини резерви е малку поголем од прогнозираното, се чини дека ќе ја диверзифицира својата економија од сериозната зависност од суровата нафта.

Но, една од целите на амбициозниот план „Vision 2030“ е да користи помалку нафта на домашниот пазар за електрична енергија, за да ослободи повеќе количества за извоз.

Како лидер во извозот на нафта, Ријад нема лесно да го предаде својот трон и геополитичкото влијание што го создаде преку овој ресурс.

Саудијците имаат две клучни „состојки“ за да продолжат да произведуваат нафта на високо ниво – огромни резерви и ниски трошоци за производство.

Покрај тоа, различни организации, вклучувајќи и самата ОПЕК, проценуваат дека производството на гориво од шкрилци и сегашниот лидер во производството на нафта – САД, ќе го достигне својот врв некаде кон крајот на следната деценија, со што ќе се заживее побарувачката на сурова нафта од ОПЕК (и нејзиниот најголем производител, Саудиска Арабија).

Претходно овој месец Ријад објави дека независната процена на нејзините нафтени резерви, направена од DeGolyer и MacNaughton (D & M), покажува дека вкупните докажани резерви биле 268,5 милијарди барели на крајот на 2017 година, што е повеќе од оние 266 милијарди барели кои претходно биле пресметани.

Статистичкиот преглед на BP за светската енергетика во 2018 година покажува дека количеството резерви на Саудиска Арабија во крајот на 2017 година е 266,2 милијарди барели, или 15,7% од вкупната количина глобални резерви, а на второ место се наоѓа Венецуела со 303,2 милијарди барели, која е во политичка, финансиска и социјална криза.

D & M изјави минатата недела дека ја завршиле првата современа независна проценка на резервите на Саудиска Арабија, додавајќи дека во оваа фаза „нема да се прават дополнителни коментари по повод големиот проект“.

„Анализата нагласува дека секој барел што го произведуваме, е најпрофитабилен во светот, од што следи дека Aramco е највредната компанија на глобално ниво“, изјави саудискиот министер за енергетика Калид ал-Фалих.

Подоцна тој изјави за Ројтерс дека трошоците за производство на барел на компанијата се само 4 долари.

Саудиска Арабија може да има потреба од цени на нафтата повисоки од 80 долари за барел за да го балансираат својот буџет, бидејќи поголемиот дел од приходот доаѓа од нафтата.

Сепак, Кралството може да се пофали со најниски трошоци за производство на еден барел во светот.

Иако зголеменото производство на американска нафта од шкрилци ги стимулира светските испораки, кои Саудиска Арабија и останатите членови на ОПЕК, како Русија, сакаат да ги скратат со договорените намалувања, сегашните проценки покажуваат дека врвот на производството на нафта од шкрилци ќе биде достигнат на крајот на следната деценија.

Според Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) производство на американска нафта ќе продолжи да расте до до 2025 година, по што ќе биде регистрирано постепено забавување до крајот на деценијата.

Во својата последна прогноза за светските резерви на нафта, ОПЕК гледа дека испораките надвор од организацијата ќе го достигнат својот врв кон 2030 година, главно поради очекуваниот врв во производството на нафта во САД.

На среднорочен план, до 2023 година, побарувачката на сурова нафта од ОПЕК ќе се забави до 31,6 милиони барели дневно, бидејќи снабдувањата надвор од организацијата ќе се зголемат.

ОПЕК предвидува дека побарувачката за сурова нафта повторно ќе почне да се зголемува за да се достигне врвот од речиси 40 милиони барели дневно до 2040 година.

Но, дали на светот му треба толку многу нафта?

Одговорот на Saudi Aramco на ова прашање е дефинитивно „да“.

„Светот ќе има потреба од многу повеќе нафта и ќе бидат потребни многу повеќе истражувања за да ги надомести намалените екстракции во развиените полиња“, вели Насер.

Енергетската транзиција е многу посложена од идејата дека таа треба само да се замени со обновливи енергии и електрични возила, додаде тој.