
Геномодифицирани кокошки можат да несат јајца со содржина на материи, кои лекуваат артритис и рак, пишува „BBC“.
Овој метод за екстракција на лековите е 100 пати поевтин од нивно синтетичко производство, тврдат креаторите на новата сорта.
Научниците, исто така, веруваат дека со текот на времето, степенот на производство може да се зголеми и да достигне комерцијален потенцијал.
Кокошките одгледувани за несење на лековитите јајца, не страдаат, туку напротив – живеат во прилично подобри услови од повеќето фармерски животни, тврди д-р Лиза Херон од биотехнолошка компанија „Roslin Technologies“, базирана во шкотскиот главен град Единбург.
„Тие живеат во прилично големи кокошарници, се хранат редовно и се грижат од високо квалификувани професионалци. Од гледна точка на животните, работите не се различни од несењето на едно обично јајце“, објаснува таа.
Во минатото и други научници докажувале дека геномодифицирани кози, зајаци и кокошки може да се користат за вадење на протеински лекови од нивното млеко и јајца. Но, шкотските специјалисти тврдат дека новиот метод е поефективен и многу поевтин од претходните практики.
„Производството на овие лекови преку јајце од кокошки може да чини помеѓу 10 и 100 пати помалку отколку во индустријата“, вели д-р Херон.
Според неа, најмногу средства се заштедуваат од самата инфраструктура, бидејќи кокошарниците се за неколку пати поевтини за изградба и одржување од стерилните простории на фармацевтските фабрики.
Многу болести се должат на фактот дека човечкото тело не произведува доволно количество на дадена хемикалија или протеини. Тие можат да бидат контролирани со лекови кои го компензираат недостатокот на овие супстанции.
Во принцип, тие можат да бидат добиени и синтетички, но д-р Лиза Херон и нејзините колеги едноставно поставиле човечки ген во ДНК молекулата на кокошките. На овој начин, тие почнале да го произведуваат протеинот, за кој се работи, како дел од белката од јајцата.
Научниците успеале да изолираат два протеини кои се особено важни за имунолошкиот систем на луѓето. Едниот е „IFNalpha2a“ кој има моќни антивирусни својства и може да го ограничи растот на клетките на ракот, а вториот е близок до цереброспиналната течност, која стимулира обновување на оштетени ткива.
Три јајца се доволни за производство на една доза од лекот, а една кокошка може да снесува до 300 јајца годишно. Според научниците, производството може безбедно да достигне скала што ќе дозволи комерцијална примена.
Процесот на создавање на краен лек кој може да се користи за лекување на луѓе, сепак ќе трае меѓу 10 и 20 години, откако се бара и покривање на релевантните регулаторни барања.
Засега научниците од „Roslin Technologies“ се надеваат во блиска иднина дека ќе успеат да развијат и да пуштат на пазарот лекови за ветеринарна употреба. Меѓу нив, може да има лекови за зајакнување на имунолошкиот систем на домашните животни како алтернатива на антибиотиците.
Тие ќе го намалат ризикот од мутации кои ќе доведат до создавање на вируси отпорни на антибиотска терапија. Лековитите својства на протеините во мозочната течност на ‘рбетниот мозок може да се користат кај миленичиња.
„Можеме, на пример, да регенерираме црн дроб или бубрег кој бил оштетен на некој начин. Во моментов овој тип лекови се многу скапи и сметам дека можеме да направиме нешто околу тоа“, вели д-р Лиза Херон.