Apple тестира нови iPhone уреди со три задни камери и USB-C порта

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Во 2019 година Apple планира да лансира на пазарот iPhone со три задни камери. Во моментов најдобрите смартфони на компанијата – XS и XS MAX имаат две задни камери. Компании како LG и Huawei веќе имаат пуштено на пазарот смартфони со три задни камери кои овозможуваат покреативна слобода и слики од ултраширок агол.

Apple одлучи да се вклучи во трендот преку наследникот на XS MAX. Тој ќе има трета камера која ќе овозможи пошироко видно поле за сликите. Третата камера, освен тоа ќе биде способна да „снима повеќе пиксели, па софтверот на Apple би можел, на пример, автоматски да поправува видео или слика, откако ќе вклучи објект, кој по грешка е отсечен од оригиналната таква. Во прилог Apple ќе го зголемат времетраењето на Live Photos од 3 до 6 секунди.

И трите iPhone модели пласирани на пазарот во 2018, ќе добијат нови, подобрени модели во 2019 година, откако има голема шанса тие да не се разликуваат многу од своите претходници, со исклучок на Switch to USB-C стандардот. Токму така, Apple тестира верзии на телефони кои користат USB-C поврзување. Не е 100% сигурно дека компанијата планира да премине кон овој стандард, но тестовите кои ги прават покажуваат дека компанијата размислува сериозно за слично решение. Побрзи процесори, како и подобрено препознавање на лицето се исто така во плановите на Apple.

Гледајќи напред – кон 2020 година, Apple изгледа работи на задна ласерска 3D камера која ќе биде способна да ја скенира околината и да создава тродимензионални реконструкции на вистинскиот свет. Камерата ќе може да снима на растојание до 4,5 метри, за разлика од доста ограничениот систем за препознавање на лицето од последните iPhone и iPad Pro уреди. Ова се должи на фактот дека Apple користи ласерска технологија за новата камера, а не проекцијата на точки, која дебитираше со iPhone X. Можноста за „ловење“ на 3D информации навистина би помогнало на Apple да ја усоврши додадената реалност.