
Honor е бренд на Huawei, кој има огромна заслуга за импресивниот успех на компанијата во последните квартали. Кинескиот гигант веќе се фокусираше на 5G технологијата, која може да стане солиден извор на приходи. Претседателот на Honor Џорџ Жао потврди во соопштението дека првиот паметен телефон со поддршка за 5G мрежите на овој бренд ќе стане реалност во втората половина на годината.
Сè уште немаме детали за името или техничките спецификации на паметниот телефон. Меѓутоа, многу е веројатно дека пред тоа ќе го видиме првиот 5G модел на Huawei. На крајот од месецот, мобилниот конгрес во Барселона е погодна можност за таква премиера. Исто така, треба да се забележи дека неопходната инфраструктура за технологијата се очекува да биде подготвена најрано во лето, но само во најразвиените земји, објави AndroidAuthority.
Водечките производители на Android пројавуваат огромен интерес за 5G мрежите и ќе ги претстават своите смартфони оптимизирани за нив пред крајот на 2019 година. Huawei ќе се обиде да ги победи Samsung со таква премиера на пазарот и на тој начин да добие значителна предност во однос на својот најголем конкурент во мобилната индустрија. Ова е гаранција дека ќе видиме многу модели од 5G, а конкуренцијата меѓу компаниите ќе придонесе за нивната поекономична цена во наредните месеци.