Гинекологија Чаир Специјалната болница за гинекологија Чаир доби рок од 30 дена да го смени начинот на затоплување, а во спротивно ќе биде затворена.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска информираше дека градските инспектори за животна средина направиле контрола во установата откако на социјалните мрежи се појавија снимки на кои што се гледа како од оџаците на болницата излегува црн густ чад. Болницата се затоплува на мазут, енергенс кој екстремно го загадува воздухот.