Двајца загинати и шестмина повредени откако се урна шесткатна зграда во Истанбул

од Vladimir Zorba
104 прегледи

– Најмалку две лица загинаа, а шест други се повредени денеска при уривање на шесткатна зграда во истанбулската населба Картал, соопштија локалните власти на Истанбул.

Во соопштението се посочува дека под урнатините „останале заробени повеќе лица“, без да се прецизира конкретна бројка.

Турските медиуми претходно јавија дека по уривањето на зградата, под урнатините биле затрупани повеќе од 20 лица.

Најверојатна причина за уривањето на зградата е експлозија.

Во зградата, што се наоѓа во азискиот дел на Истанбул, имало 24 станови.

Превентивно властите спроведоа евакуација на две соседни згради.