Откриени 11 коверти со сомнителен прав во Обвинителството во Пиреја

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Во зградата на Обвинителството во атинската област Пиреја биле откриени 11 коверти со сомнителен прав, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации, специјалната единица на грчката противпожарна служба ги презела ковертите, а пред објектот стигнале и полициски службеници, јави МИА од Атина.

Еден од ковертите бил отворен од вработените во судот и откако забележале дека содржи сомнителен прав, веднаш ги известиле полицијата и противпожарната служба.