Три-димензионалните ласерски камери во iPhone X ќе бидат достапни и за Android смартфони

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Името Lumentum најверојатно не ви е познато, бидејќи е производител на ласерски компоненти во паметните телефони на Apple. Партнерството на двете компании е поврзано со уникатните сензори со Vertical-Cavity Surface Emitting Laser (VCSEL) кои се користат од камерите TrueDepth на предниот дел на iPhone-от. Овие компоненти се клучни за системот за препознавање на лицето, но исто така и за некои ефекти на камерата во портретниот режим, како и за Animoji емотиконите, пишува SlashGear.

Досега, Lumentum производите се достапни само за моделите од серијата iPhone X. Главниот извршен директор, Алан Ло го потврди интересот за VCSEL сензорите од производителите на Android паметните телефони. Во изјавата тој вели дека Lumentum е подготвен да ја интегрира својата 3D технологија во други мобилни уреди, освен Apple. Навлегувањето во големиот екосистем од уреди со Android има потенцијал да стане солиден извор на приходи за компанијата.

Хардверските компоненти на Lumentum, исто така, се оптимизирани за технологијата ToF 3D, која допрва треба да се користи во индустријата. Благодарение на тоа, аналитичарите очекуваат глобалниот пазар за 3D камери за паметни телефони да се претвори во бизнис за повеќе од 20 милијарди долари до крајот на деценијата. За споредба, овој сегмент генерираше 1,5 милијарди долари приходи во 2017 година. Претстојното партнерство на Lumentum со производителите на Android ќе ги забрза овие процеси и ќе ја претвори оваа функција во непроменлива функција на паметните телефони.