Четири лица загинаа при уривање на воен хеликоптер во Истанбул

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Четири лица загинаа денеска откако се урна воен хеликоптер во станбен реон во азискиот дел на Истанбул, изјави градоначалникот Али Јерликаја.

– Воениот хеликоптер се урна додека се обидувал принудно да слета врз станбен комплекс во квартот Чекмекој, во азискиот дел на Истанбул, напиша Јерликаја на Твитер, додавајќи дека нема повредени меѓу граѓаните.

Засега не е позната причината за несреќата, а во тек е истрага за случајот.

Претходно, истанбулскиот градоначалник истакна дека четворица војници биле повредени и веднаш префрлени в болница.