НАТО ќе го процени нивото на ангажман во Косово

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО за време на претстојниот дводневен состанок во Брисел ќе го разгледаат нивото на нивната поддршка на Косовските безбедносни сили по трансфорамцијата во Војска на Косово.

– Се уште не сме донеле одлука, но рековме дека ќе го процениме нивото на ангажманот на НАТО, бидејќи неколку сојузници сметаат дека одлуката за трансформација на КБС во Војска се случила во погрешно време, а некои од нив се разочарани поради воведените такси за стоката од Србија и Босна и Херцеговина, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

За време на дводневниот министерски состанок на НАТО што почнува утре, пред разговорите за мисијата на Косово, ќе се разгледаат и други мисии на НАТО ширум светот со фокус на Авганистан и Ирак, како и операциите на море.

Членките на Северноатлантската алијанса на првиот ден од состанокот ќе разговараат и за односите со Русија во контекст на Договорот за нуклеарните ракети од среден достел (ИНФ), а состанокот ќе заврши со дискусија за соработката на НАТО со ЕУ и за зајакнување на улогата на ЕУ во Алијансата.