Грипот се шири низ Албанија, неделно по 20.000 заболени лица

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Со голем интензитет се шири грипот во Албанија, која според надлежните се наоѓа на деветтото место во Европа според бројот на заболени од грип.

-По над 20.000 случаи неделно се пријавени дека се погодени од респираторни инфекции и вируси на грип. Но, овој број е поголем, бидејќи некои од заболените не посетуваат лекар,туку се лекуваат со веќе препишаните лекарства на некој член од семејството, наведува тиранската телевизија Топ-чанел.

Осврнувајќи се на овие бројки, од Институтот за јавно здравје се уште не зборуваат за епидемија на грип, но велат дека се блиску до епидемискиот праг. Во споредба со истиот период од претходната година, според нив, бројот на случаи оваа година е помал за 10 отсто.

Во Албанија се регистрирани два вируса на грип,тип A, со поттип АХ1Н1 и АХ3Н2 и вирусот тип Б. Затоа, лекарите продолжуваат да апелираат до граѓаните да не ја занемаруваат вакцината против грип, што може да ја примат во секој период